Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно, а по котлините ќе се задржи маглата. Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од еден до девет степени.
Во Скопје времето утре ќе биде облачно и магливо. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до два степена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


