| четврток, 6 декември 2018 |

Запалени уште три автомобили во Битола

Вчеравечер од 23:30 до рано наутро околу 02:20 часот, во Битола на три различни локации биле опожарени три моторни возила и тоа „лада нива“ и „УАЗ џип“ на улицата „Охридска“ и „шкода“ на булеварот „Први Мај“.

– На сите три возила опожарена е внатрешноста. Во битолската полиција било пријавено од страна на граѓани. Извршен е увид. Полицијата работи по одредени сомненија – изјави за локалната „Тера Телевизија“, Магдалена Димитровска портпарол на СВР Битола.

Во гасењето на опожарените возила учествувала и противпожарната едница на Битола.

Ова не е прв пат да се палат возила низ градот. Пред извесно време ваков настан имаше во Нова Битола, а пред неколку месеци две возила речиси целосно изгореа на булеварот „Први Мај“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top