| четврток, 6 декември 2018 |

И Струмица воведува зонско паркирање

Советот на општина Струмица денеска донесе одлука за определување на зонско паркирање во градот. Во образложението за донесување на оваа одлука, градоначалникот Зоран Заев, рече дека со ова ќе се реши проблемот со паркирањето.

– Заедно со јавното претпријатие „Паркиралишта“ сакаме да го средиме паркирањето во Струмица, пред се во централното подрачје по пат и постапка што значи целосно управување со паркинзите од основаното јавно претпријатие за оваа намена. Мислиме дека имаме капацитет како јавно претпријатие сами да го организираме при пејд паркирањето во нашиот град.

Градот ќе биде поделен во три зони, а во третата зона воопшто нема да се наплаќа, а начинот на кој ова сакаме да го направиме е практициран веќе во многу општини во Македонија, секако познат во поразвиените земји, најмногу имплементиран во големите урбани средини, но сепак мислиме дека општина Струмица има своевидна зрелост за да организира систем на зонско паркирање во централното градско јадро и да овозможи порелаксирано движење на пешаците и возилата во тоа подрачје – рече градоначалникот Заев.

На денешната единаесетта седница, советниците ги усвоија програмата за работа на Советот во 2014 година, планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во учебната 2014/2015 година, програмата за реализација на струмичкиот карневал, а донесоа и одлука за доделување на парична помош во висина од сто илјади денари на Ване Поповски чија куќа неодамна беше опожарена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top