Фондот за здравствено осигурување склучи нови договори со досегашните 11 и четири нови јавни здравствени установи, а обезбеди и седум нови здравствени услуги за осигурените лица за цела 2014 година кои ќе бидат обезбедени со условните буџети за 2014 година, беше соопштено на денешната прес-конференција на ФЗОМ.
Оттаму истакнуваат дека со тоа значително ќе се зголемат средствата што Фондот ги наменува за здравствените установи и ќе се користат наменски, само за конкретните услуги и конкретните пациенти, а тоа ќе значи и зголемување на бројот на пациенти кои ќе бидат опфатени со овие здравствени услуги.
Со новите седум услуги се предвидуваат реконструкции на дојки по мастектомија, трансплантација на црн дроб, кадаверични трансплантации на бубрези, ресинхронизациона терапија на срце, концентратори за оксигена терапија, детска кардиохирургија и наменска терапија за шизофренија.
Целта на условните буџети, како што потенцираат од ФЗОМ, е да се стимулираат здравствените установи да ги обезбедат оние услуги кои беа дефицитарни или несоодветно планирани.
Доколку здравствената установа не ги изврши планираните здравствени услуги определени во условниот буџет, Фондот по истекот на секој квартал или шестмесечје ќе ги намали условните буџети за соодветниот износ на неискористени средства за таа намена, велат од ФЗОМ, од каде што додаваат дека на здравствените установи им се дава можност доколку во наредните квартали остварат износ повисок од предвидениот, односно доколку ги реализираат здравствените услуги предвидени во условниот буџет, Фондот да им ги врати средствата.
Зголемување на условните буџети ФЗОМ договорил за 7 здравствени услуги: оперативни зафати на катаракта со Фако метода, третман за мултиплекс склероза, третман на ревматоиден артритит, вградување на кохлеарни импланти, транпслантација на коскена срцевина, трансплантација на бубрези од жив донатор, реконструкција на дојка по мастектомија, на клиника за пластична и реконструктивна хирургија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови