Каблите не биле наместени според прописот, и тоа било причина за нивното кинење од страна на пајак-возилото на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, пишува во соопштението на ЈП.
Вчера пајак-возилото на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ направи вистински хаос во скопската населба Дебар маало кога собра голем број кабли и искрши гранки долж улицата „Орце Николов“.
– Во врска со вчерашната случка на улицата „Орце Николов“, на која во попладневните часови работело возило од пајак-службата и при тоа биле оштетени кабли од „Т-хоум“ и еден кабелски оператор, сакаме да известиме дека според записникот од извршен увид на самото место од страна на овластените службени лица при МВР се констатирало дека каблите коишто требале да бидат на висина од најмалку 4,5 метри според член 37 од Законот за јавни патишта биле под прописот за над 90 центиметри. Службените лица од „Т-хоум“ претпоставуваат дека поради лошите временски услови се намалила затегнатоста на каблите и се спуштиле под дозволената висина. Висината на пајак- возилото со товар, според записникот, во тој момент била 3,6 метри – се вели во соопштението на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.