| четврток, 6 декември 2018 |

Годишните сметки отсега ќе се поднесуваат и електронски

centralen registar

Годишните сметки до Централниот регистар отсега ќе се поднесуваат и по електронски пат.

Оваа нова мерка, според директорот Ванчо Костадиновски, ќе овозможи подобрување на деловната средината со цел подобри резултати.

– Со надградба на системот ќе се овозможи полесно и поедноставно поднесување на годишните сметки, а поднесувањето ќе може да го врши само сметководителот, што не  беше случај досега. На овој начин ќе можат да се поднесуваат годишните сметки за 2013 година – рече Костадиновски.

На овој начин на фирмите и сметководителите повеќе нема да им бидат потребни двојни дигитални сертификати, ќе нема потреба од двојно изготвување на годишните сметки и ќе  се овозмози групно плаќање на надоместокот за поднесување на годишната сметка од страна на сметководителите кои водат повеќе фирми.

Од оваа година новина е продолжувањето на рокот за поднесување на годишна сметка до 15 март.

Премиерот Груевски, кој присуствуваше на презентацијата на електронскиот систем истакна дека ова е уште една мерка за Владата, која е со цел подобрување на деловната климата.

– Верувам дека оваа мерка ќе биде уште еден чекор во олеснување на деловното работење на фирмите во Република Македонија – истакна премиерот Груевски додавајќи дека токму ваквите мерки го подобруваат доброто котирање на Македонија во извештаите како „Дуинг бизнис“ и истото не останува незабележано од странските инвеститори.

Во изминативе неколку години Владата презеде низа мерки со кои го олесни деловното работење како намалување на рокот потребен за регистрирање фирма на само четири часа, издавање електронски потврди од Централниот регистар, регистрационен агент и регистарот на задолжници.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top