| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров го раскинал договорот со „Висарис“

 

todorov

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска одговарајќи на пратеничко прашање од опозицијата во македонското Собрание за тендерите на фирмата „Висарис“, изјави дека го раскинал договорот со оваа фирма.

Тодоров рече дека овој договор е раскинат поради нарушување на принципите на чесност и на етичност.

Министерот повтори дека ниту знаел, ниту можел да знае за овој тендер, ниту, пак, Инспекцискиот надзор не регистрирал правни пречки. Тој побара и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да ги раскине сите договори со фирмите од своите блиски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top