Во Карпош нема да има зонско паркирање додека сум јас тука. Нека се обидат да воведат зонско ако сакаат војна со мене, дециден е градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за „Република“.
По најавите од „Градски паркинг“, од Општината остануваат на ставот дека нема потреба од зонско паркирање во Карпош и дека за тоа неколку пати биле известени и скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорите на јавните претпријатија. Бесплатното паркирање беше дел од ветувањата на Јакимовски во градоначалничката изборна кампања, а против зонското паркирање се изјасниле и жителите на референдум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.