Фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа 16. победа оваа сезона во Бундес-лигата откако во заостанатиот натпревар го совладаа Штутгарт со резултат 1-2.
Домаќините поведоа со голот на Ибишевиќ во 29. минута и со водство од 1-0 ги завршија првите 45 минути. Во вториот дел Баерн се мачеше, па дури во 76. минута по центаршутот на Тијаго, Пизаро со удар со глава го израмни резултатот на 1-1.
Кога се чинеше дека екипите ќе си заминат со по еден бод, во последната секунда од продолжениото на времето, Тијаго Алкантара со феноменален удар „ножички“ погоди за 1-2 за голема радост на Баварците.
Баерн ја зголеми предноста во однос на останатите екипи, сега има 13 повеќе од второпласираниот Баер Леверкузен и 17 повеќе од Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.