Македонскиот трансексуалец Филип Јаневски Фифи и неговата партнерка од шоуто „Икс-фактор“, Маринаела Џогани, синоќа гостуваа во познатото шоу на Огнен Амиџиќ, „Али Џ шоу“.
Фифи се отвори пред камерите и кажа дека така се чувствувала отсекогаш.
– Кога бев мала, имав чувство дека нешто не е во ред со мене. Кога имав 10-11 години почнав да се облекувам како девојче. Тогаш луѓето почнаа да ме прозиваат. Од тогаш поминав низ многу. На пат сум да станам жена, но сè уште немам почнато со хормонска терапија – рече Фифи, додавајќи дека отсекогаш имала проблеми со дискриминација и отфрлање.
– Секогаш ја менувам својата фризура, ги имав сите бои на косата, а пред неколку месеци ја избричив главата – рече Фифи.
Се разбира, најшокантиот дел од интервјуто беше за нејзиниот љубовен живот.
– Имав дечко и, да, моите гради се вештачки, но наскоро доаѓаат и природните – се насмеа Фифи.
Таа рече дека имала кратки и страсни љубовни врски и дека не може да ја пронајде својата сродна душа.
– Ми се допаѓаат само стрејт мажи – додаде Фифи, објаснувајќи дека не може да биде со жена која сака да биде маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не знаеше дека камерите се вклучени: Амиџиќ го коментираше сексуалниот живот на Шерифовиќ
-
Одеднаш почнал да се заморува: Огнен Амиџиќ откри дека е болен!
-
Не е лесно од црнка да станеш русокоса: Фифи го смени имиџот (галерија)
-
Георгиев и Амиџиќ во „војна“ на социјалните мрежи: Твој ресторан, немој да лажеш гребатору!