| четврток, 6 декември 2018 |

Одеднаш почнал да се заморува: Огнен Амиџиќ откри дека е болен!

Пред извесно време Огнен Амиџиќ одеднаш почнал да чувствува замор, поспаност и тромост. Веднаш отишол на лекар и дознал дека боледува од инсулинска резистенција.

Се работи за преддијабетска состојба од која боледуваат и Гоца Тржан и актерката Софија Рајовиќ.

-Тоа не е премногу сериозна состојба, туку е метаболичко пореметување. Веќе подолго време чувствував различни потешкотии, па не бев ни изненаден кога дознав за што се работи. Сето тоа е последица на начинот на живот кој го водам, неспиење, стрес, лудница, варирање на килажата. Но поентата е дека сето тоа може да се реши само со исхрана. Лекарот ми порача и помалку да се нервирам за се и поредовно да спијам- признал водителот.

Вели дека здравствените проблеми се причина за промена на навиките и дека во наредниот период повеќе внимание ќе си посвети на себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top