
Првиот од петте промотивни концерти на Каролина за „Македонско девојче 2“ е комплетно распродаден, а за останатите четири концерти 30 до 40 проценти од влезниците се веќе распродадени, соопштија од „Авалон продукција“.
Концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет, од 20 до 24 февруари.
Цената на пакетот, влезница плус луксузен дигитален пакет, е 600 денари.
Влезниците се продаваат преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“, како и на билетарницата на МОБ.
Албумот „Македонско девојче 2“ ќе биде во слободна продажба од 25 февруари низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


