| четврток, 6 декември 2018 |

Братот на Леонардо ди Каприо уапсен за препродавање дрога

Полубратот на глумецот Леонардо ди Каприо е уапсен во Тексас откако кај него е пронајдена голема количина на дрога, а и исто така и поради сомневање дека извршил грабеж.

Адам Фарар, најстариот брат на Леонардо е задржан во затворот во Тексас, каде ја чека пресудата.

Покрај Адам била уапсена и неговата девојка Черити Мур, кај која исто така била пронајдена дрога и за која се сомнева дека е соучесник во кражбите на Адам.

Леонардо често изјавувал дека Адам му е голема инспирација и дека баш поради него започнал да се занимава со актерството.

Меѓутоа, од 2010 година, животот на Фарар тргна надолу и оттогаш е обвинет за вознемирување, поседување дрога, домашно насилство и возење без дозвола.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top