| четврток, 6 декември 2018 |

Од студот во Бугарија починаа четворица

pocinat-stud500

Четворица загинаа од студот во Бугарија, јавуваат тамошните медиуми.

Седумдесет и шестгодишен маж загина, откако се заглавил во снежен нанос во селото Повет во близина на бугарско-турската граница. Уште тројца мажи починале од студ изминатите два дена во села во источна Бугарија.

Бугарските власти денеска соопштија дека поради тешките временски услови неколку десетици села во источна Бугарија останале без струја и вода.

Многу патишта се затворени за сообраќај, додека спасувачките тимови се обидуваат да достават резерви храна во зафрлените села. Неколку стотици училишта не работат.

Црноморското пристаниште Варна е затворено поради силниот ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top