| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен директор на „Киро Ќучук“ осуден на една година затвор

kiro kucuk

Велешкиот суд го осуди на една година затвор Киро Камчев, поранешниот директор на фабриката за цигли „Киро Ќучук”. Покрај тоа Камчев ќе треба и да врати 66.000 евра долг на доверителот, јави „Дума“.

Процесот против него беше за злоупотреба на службената положба. Според обвинението, во периодот на 2009 и 2010 година, циглите кои биле запленети поради долг од фирмата „Центар Б и Ј” од Прилеп, биле продадени. Со ова прилепската фирма била оштетена со 66.000 евра. Поради долг, „Киро Ќучук” како непарнично побарување требало да му испорача на доверителот 204.000 парчиња цигли, а испорачал 53.000, сe додека извршителот што го работел предметот бил жив. По неговата смрт, испораката престанала, а кога дошол новиот извршител, цигли во кругот на фабриката за прилепската фирма немало. Останал долг од 151.000 парчиња цигли.

Директорот на фабриката, која под негово водство заврши во стечај, ја негираше вина.

Против Камчев во изминатите години беа поднесени десетина кривични пријави за неговата работа како директор на фабриката, а ова е прва осудителна пресуда, известува „Дума“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top