| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 300.000 евра за лечење на Кемал Монтено во џебот на неговиот менаџер

Легендарниот босански пејач Кемал Монтено во најскоро време мора да добие трасплантација на бубрегот. 65-годишната балканска музичка ѕвезда за парите потребни за неговото лечење, помош побара од неговата верна публика.

Неодамна, на неговиот голем концерт во Сараево, насловен „Се вратив, животе – со мала помош од моите пријатели“, тој собра 18.000 публика. Неговите сограѓани не штедеа за карти, иако најевтината беше 20 евра, бидејќи беше најавено дека сите пари ќе бидат употребени за операцијата и понатамошна терапија на Монтено.

Иако заработката од картите изнесувала околу 360.000 евра, сепак, од концертот Монтено добил само 4.000 евра. Неговиот менаџер Фарук Дрина изјавил дека останатиот дел од парите заминале за рекламите, продукцијата и салата.

Монтено, сепак, нема да поднесе тужба, а за српските медиуми изјавил само дека од целата ситуација му е многу тешко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top