| четврток, 6 декември 2018 |

Се фрлил во публика на концерт и загинал

Еден 28-годишен дечко, за време на хеви-метал концерт во Швајцарија се фрлил во публиката, но луѓето се тргнале по што тој паднал на подот и починал, објавија швајцарските медиуми.

Локалниот дневен весник „Солотурнер цајтунг“ објави дека мажот присуствувал на хеви-метал фестивалот, кој се одржал минатата недела во градот Солотурн, тој се качил на бината и се фрлил во публиката, пренела агенцијата АФП.

– Публиката не го дочекала и тој паднал на подот – изјавил управникот на салата Пипо Кофмел.

На почетокот тој не почуствувал здравствени проблеми. Станал и отишол да ги измие рацете. Обезбедувањето за секој случај го однеле во болница. Здравствената состојба му се влошила следниот ден и тој починал во петокот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top