| четврток, 6 декември 2018 |

Тексашкото дерби за Хјустон, Лејкерс го допреа дното

Предводени од Двајт Хауард Хјустон успеа да победи во тексашкото дерби против Сан Антонио со 97-90. Популарниот „супермен“ постигна 23 поени и 16 скока. „Мамузите“ немаа решение за расположениот Хауард кој се врати по паузата од повредата. Подршка му даде и Џереми Лин со 18 поени и осум скока. Кај Сан Антонио Тим Данкан беше најзабележителен со 12 поени и 14 скока.
ЛА Лејкерс доживеаа нов пораз на својот паркет овој пат од Индијана (92-104) и по цели 40 години се најдоа на дното на табелата во западната конференција пред Ол стар викендот. Не помогна ниту дабл-дабл учинокот на едниствената неповредена ѕвезда во тимот По Гасол кој реализираше 21 поен и 13 скока. Индијана ја преводеше Ленс Стивенсон со 15 поени и 14 скока, а Дејвид Вест уфрли 19 коша.

Резултати: Кливленд – Њу Орлеанс 89-100, Детроит – Орландо 103-87, Њујорк – Бостон 114-88, Хјустон – Сан Антонио 97-90, Портланд – Мемфис 81-98, Голден Стејт – Вашингтон 85-88, ЛА Лејкерс – Индијана 92-104.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top