Фудбалерите на Ливерпул го декласираа градскиот ривал, екипата на Евертон со резултат 4-0 во 23 коло од англиската Премиерлига.
Ливерпул од самиот старт тргна офанзивно кон голот на на гостите. Во 21 минута конечно успеаја да ја материјализираат добрата игра. По изведениот корнер Џерард со глава го постигна водечкиот погодок за 1-0.
Од 33 до 35 минута следуваше шоу на Даниел Стариџ. По одличната топка од Коло Туре тој го постигна голот за 2-0, а веднаш потоа и избега на одбраната на Евертон и го лобуваше Хауард за 3-0.
Конечниот резултат го постави Уругваецот Суарез кој во 50. минута со прецизен удар донесе водство од 4-0 за Ливерпул.
Пет минути подоцна Стариџ имаше прилика да постигне хет-трик, но беше непрецизен од белата точка. Ливерпул ја запиша и 14. победа оваа сезона.
На другите натпревари одиграни синоќа:
Манчестер Јунајтед – Кардиф 2:0,
Норвич – Њукасл 0:0,
Саутемптон – Арсенал 2:2,
Свонси – Фулам 2:0
Кристал Палас – Хал 1:0
Вечерва се играат натпреварите:
Астон Вила – ВБА,
Челзи – Вест Хем,
Сандерленд – Стоук
Тотенхем – Манчестер Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.