| четврток, 6 декември 2018 |

MО: Дезинформација е дека Аврамопулос ја прекинал химната

MO

Груба дезинформација е дека при вчерашната посета на министерот за одбрана, Талат Џафери, на Атина, неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос го прекинал интонирањето на македонската химна, изјавиле за НОВА од македонското Министерство за одбрана.

Образложувањето е дека вчерашната посета на министерот Џафери на Атина имала работен карактер и на таква средба, која не е официјална, според протоколарните правила не е обврзувачко интонирањето на националните химни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top