| четврток, 6 декември 2018 |

Њукасл му го продаде Кабаје на ПСЖ

Откако Њукасл ја одби првата понуда на ПСЖ за Жоан Кабаје вредна 14 милиони фунти, на „Сент Џејмс парк“ стигна нова понуда која одборот на клубот мораше да ја прифати.

„Светците“ на Њукасл му понудиле 20 милиони фунти, а и желбата на самиот играч да ја промени средината било пресудно Њукасл да го продаде еден од најдобрите играчи, кој во текот на неделата ќе стане нов член на шампионот на Франција.

Кабаје веќе постигна договор со ПСЖ во врска со личните услови, останува само да ги помине медицинските прегледи во Париз и ќе биде претставен официјално.

Ако гледаме од страната на парите, Њукасл добро помина со оглед дека пред две години го донесе од Лил за 4,3 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top