| четврток, 6 декември 2018 |

Дурент ги скроти „јастребите“

Кевин Дурент повторно одигра одлично и со 41 поен беше главниот виновник за поразот на ослабената Атланта хоукс. Патем, крилото на Оклахома го погоди решавачкиот удар на 1,5 секунди до крајот за победа од 111-109. Хоукс играа без Хорфорд, Тиг и Антиќ, но, сепак, одлично се држеа и постојано водеа во текот на мечот, најмногу со 14 поени разлика, но и тоа го прокоцкаа. Пол Милсап, кој се обиде да израмни во последните секунди, беше најефикасен кај гостите од Атланта со 23 поени.

Резултати: Оклахома – Атланта 111-109, Филаделфија – Феникс 113-124, Бруклин – Торонто 103-104, Милвоки – Лос Анџелес клиперс 86-114, Чикаго – Минесота 86-95, Јута – Сакраменто 106-99.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top