Специјална комисија за проценка на штети утре ќе го посети манастирот „Св.Прохор Пчињски“ за да утврди колкава е материјалната штета од пожарот кој избувна денеска во манастирскиот Кралски конак.
Првичните проценки, во пожарот речиси целосно изгоре конакот, а само со интервенција на противпожарните екипи едвај беше спречено огнот да го зафати манастирот.
Пожарот кој избувна утрово во манастирот „Св.Прохор Пчињски“ во Србија, во близина на границата со Македонија, попладнево беше изгаснат.
Нема повредени, а се претпоставува дека пожарот се појавил на покривот, во близина на оџакот. Го зафатил целиот покрив, а потоа и целиот конак кој е изграден од дрво. За сега не е позната причината за пожарот ниту колкава е материјалната штета на конакот, на кого се уште траеле работите за реновирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


