| четврток, 6 декември 2018 |

Менче Точи: Немам ништо со фирмите регистрирани на „Чаирска 36“

toci1

Немам никаква врска ниту допирна точка со фирмите чии документи се објавени во „Денешен.мк“. Се работи за иста адреса на сосема две различни локации. Грешката е настаната во Општината која не го сменила бројот на куќите, две куќи на различни локации се со иста адреса. Луѓето кои ги имаат споменатите фирми се регистрирани на улицата Чаирска 36, но со сосема друга локација. Вакви грешки се прават со писма и сметки за струја, вода и сл. затоа што истата адреса ја користат некои за мене непознати фирми, иако тие се наоѓаат на сосема друга локација – тврди новинарката Менче Атанасовска-Точи.

Таа додава дека тоа може многу лесно да се провери.
– Токму заради тоа, што се однесува до сопствеништво на фирми, одлучно демантирам дека имам каква било врска со наведените фирми под адресата која нема врска со мене. Како основач сум заведена во невладината „Ходници“, додека никаква допирна точка немам со фирмата на мојот сопруг Аконт Пајо, која е регистрирана на адресата Чаирска 36. Немам никаква поврзаност ниту со акционерското друштво за книговодствени услуги „Биланс хит“ кое неколку години не функционира и каде што мојот сопруг беше неизвршен директор и никогаш не било регистрирано на таа адреса и нејасно е во кој контекс е објавено тоа. Воедно, весникот „Дневник“ и медиумите кои го пренесоа нивниот текст, мене ме посочија како сопственик на овие фирми, а не како фирми кои се наоѓаат на иста адреса, за која впрочем имате и појаснување. Станува збор за груби манипулации и лаги кои не му служат на никого, освен да се замајува сопствениот народ – додава таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top