| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кочанско жена со цевка го убила сопругот

policijalenta

Семејна расправија во кочанското село Облешево завршила трагично, a животот го загубил Благојче Ѓ. (55).

Четириесет и осумгодишната М.Ѓ. во семејниот дом имала расправија со нејзиниот сопруг Благојче Ѓ. (55). За време на расправијата, таа со метална цевка го удрила сопругот во главата, по што Благојче паднал на земја. Не знаејќи дали сопругот е починат или само онесвестен, таа самата повикала Итна медицинска помош и полиција. За жал, лекарската екипа можела само да ја констатира смртта кај сопружникот.

Жената е приведена, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top