| четврток, 6 декември 2018 |

Апел за помош на Иван Лековски

Сите хумани луѓе заедно за Иван Лекоски да седне во училишната клупа веќе од наредната учебна година заедно со своите врсници.

Шестгодишниот Иван Лековски од Струга боледува од Рефрактерна Епилепсија, која е дијагностицирана после примање на редовна вакцина DTP на 5 месечна возраст. Одтогаш па наваму, Иван го минува детството во еден затворен свет, бидејќи секојдневно добива напади, не зборува, и не може да оди сам.

Загрижени за неговото здравје, неговите родители, не можејќи да најдат спас во Р. Македонија, се обратиле до повеќе клиники во Европа. Од клиниката во Љубљана добиле повратно писмо во кое ги повикуваат да појдат кај нив бидејќи знаат како може да му помогнат на Иван.

За да се оствари тоа потребни се околу 10.000 (десет илјади) евра во парични средства, кои  родителите не се во можност да ги обезбедат. Затоа се обраќаме до сите Вас хумани луѓе, во рамките на своите можности да им помогнете финансиски да му дадеме шанса на малиот Иван да се избори со болеста и еден ден и тој да седне во училишните клупи кои оваа година ги прескокна.

Број за донации на Т-Мобиле 070143121

Број за донации на ВИП 077143775
Број на сметка: 300007069067387 Комерцијална банка АД Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top