Триесет и двегодишната богата наследничка Парис Хилтон на црвениот тепих на забава пред Греми наградите успеа да го привлече вниманието бидејќи се појави во долг црн фустан кој се проѕираше на клучни делови од нејзиното тело.
Иако фустанот е затворен околу вратот и паѓа до долу, тој е отворен токму на оние места каде што треба за да ја разбуди фантазијата на оние кои присуствуваа на забавата. Исто така, Парис Хилтон не носеше никаква долна облека под фустанот.
Фотографиите од Парис, кои се повеќе ги објавуваат порталите низ светот, говорат дека таа си ја постигна целата – го привлече вниманието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.