| четврток, 6 декември 2018 |

Мајката на Шарлиз Терон против нејзината врска со Шон Пен

Веста за врската на актерката Шарлиз Терон и актерот Шон Пен многумина ја дочекаа со симпатии, па и отворено воодушевување на јавните места,освен, нејзините најблиски, кои не се согласуваат со оваа последна романса.

Како што наведува извор од блиското опкружување на семејството Терон, мајката на актерката не е одушевена од фактот дека нејзината ќерка се забавува со таков срцекршач, каков што е Шон Пен.

Таа веќе наголемо притискала Шарлиз да го остави љубенииот.

-Герда Терон е уплашена за својата ќерка, бидејќи смета дека Шон ќе и го скрши срцето, вели изворот.

Иако на почетокот немала ништо против нивното пријателство, Герда е против нивната врска. Таа ја советувала глумицата да не дозволи пријателството да прерасне во љубов. Мајката дури и ја потсетила Шарлиз дека Пен неодамна патовал на Хаити со својата поранешна сопруга Мадона, со која таму минал некое време.

Сепак, Шарлиз не сака да верува во гласините и се труди да ја оддржи својата врска со актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top