Лидерот на украинската опозиција Арсениј Јацењук, синоќа, откако претседателот на Украина Виктор Јанукович му го понуди местото премиер, изјави дека опозицијата е подготвена да ја прифати одговорноста за земјата.
Јацењук на демонстрантите им изјави дека опозицијата е подготвена да ја одведе Украина во Европската унија и да ја ослободи затворената лидерка на опозицијата Јулија Тимошенко.
Американските медиуми пренесуваат дека Јацењук порача дека опозицијата е подготвена да ја води земјата, но дека нема веднаш да ја прифати понудата на претседателот Јанукович тој да стане премиер.
Еден од лидерите на опозицијата Виталиј Кличко синоќа изјави дека сака претседателски избори во текот на оваа година и дека опозицијата нема да се откаже од своите барања.
– Нашето барање е да се оддржат претседателски избори годинава…Нема да се откажеме, но разговорите ќе продолжат, им соопшти Кличко на демонстрантите откако Јанукович на опозицијата и го понуди местото премиер за да заврши кризата во земјата, пренесоа француските меидуми.
Во разговорите на претставниците на опозицијата со Јанукович, на Јацењук му било понудено местото премиер на Владата, на кое ќе го замени Николај Азаров, додека на Кличко му било понудено местото потпретседател на владата задолжен за хуманитарни прашања.
Претседателот Јанукович, исто така, ветил дека ја разгледа можноста да го промени украинскиот Устав, според кој шефот на државата има многу големи овластувања, а тоа ќе го направел или со распишување референдум или со усвојување закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина