| четврток, 6 декември 2018 |

Малерите на Атланта посилни од противниците, по Хорфорд и Антиќ, се повреди и Тиг

Малери ја бијат Атланта хоукс, а најновата повреда на бекот Џеф Тиг е само една во низата проблематични ситуации за популарните „јастреби“. Тиг кој е една од главните алки во тимот, ноќеска нема да игра против Милвоки бакс, а сепак за среќа на Хоукс, повредата на скочниот зглоб не е сериозна и нема скршеница, па паузата ќе биде куса.

Претходно на идентична повреда се пожали и македонскиот репрезентативец Перо Антиќ и тој веќе е на принуден одмор, што ќе трае од 2 до 4 седмици. За 31-годишниот крилен центар повредата стаса во незгоден момент, токму кога фати ритам како стартен центар на Атланта и прикажуваше одлични игри.

Антиќ го презеде местото стартер во петорката на својот тим од повредениот Ал Хорфорд, кој ќе отсуствува цела сезона, по повредата на мускулот на градниот кош. Низата на отсуство на клучните играчи годесеткува тимот на Хоукс, кој сепак одлично се држи и со скор од 22 победи и 20 порази.

Сепак без Хорфорд, Антиќ и Тиг, Хоукс не се истиот тим, што го потврди и дебаклот од Сан Антонио со 26 поени разлика (Тиг настапи) минатата ноќ во „Филипс арената“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top