| четврток, 6 декември 2018 |

Јувентус не губи и со играч помалку, Буфон во аут, реми на „старата дама“ во Рим

Лидерот во Серија А, Јувентус, уште еднаш покажа карактер и со играч помалку, освои еден бод во Рим на гостувањето против Лацио. Мечот заврши со резултат, 1-1, а „старата дама“ од Торино, се најде во проблеми уште во 24. минута кога беше исклучен голманот Џиџи Буфон, а беше досуден пенал за Лацио. Кандрева беше прецизен за радост на „Олимпико“ и предност на лацијалите од 1-0.

Втор пораз по ред, по елиминацијата во националниот куп од Рома, не дозволи Љоренте. Напаѓачот на Јуве погоди во 60. минута на асистенција на Лихштајнер, за конечни 1-1. Јувентус е лидер со 56 бода од 21 натпревар, 9 повеќе од Рома, која има меч помалку. наполи по денешното реми, 1-1 со Киево, остана на третата позиција со 44 бода. Лацио има 28 бода на деветтото место во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top