Со пари од шверц на дрога, Дарко Шариќ успеал да купи неколку луксузни хотели, ресторани, сплавови, бензинска пумпа, станови во Белград и Нови Сад, земјоделски фирми, и ниви во Војводина. Одбегнатиот нарко-бос, како што го нарекуваат српските медиуми, вложувал без проблем во фирми во странство иако државата била должна да го контролира потеклото на парите.
Дури и во случаи каде што државата одзела имот од Шариќ, останува прашањето што ќе се случи со истиот. Имено, никој не се осудува да купи било кој од објектите за кои се знае дека биле во негова сопственост.
-Шариќ беше еден од рекоредрите во нашата приватизација. Но не е толку многу купено на негово име. Нашите луѓе одамна основаат претпријатија во странство преку кои купуваат недвижности или други фирми во Србија – вели за српскиот весник „Блиц“ Милан Ковачевиќ, консултант за странски вложувања.
Директорката на Агенцијата за борба против корупцијата Татјана Бабиќ одбила да одговори како се случило нарко-бос да стане најголемиот газда во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.