Новите врнежи на снег на Попова Шапка овозможија ски-центарот од вечерва да организира и ноќното скијање, објави „Плус инфо“.
-На ски-лифтовите Поток 1 и Поток 2 (или Тетекс), вечерва во 19 часот ќе бидат вклучени светилките и официјално ќе започне ноќното скијање, соопштија од ски-центарот „Попова Шапка“ и „Елемтурс“. Како што е соопштено, користењето на ски-лифтовите вечерва ќе биде бесплатно. Наредните денови ќе важат вообичаените цени, односно 900 денари за целодневен односно 600 денари за полудневен билет и 400 денари за ноќно скијање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.