И покрај најавите на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски дека нема да издаде градежна дозвола за доградување и за менување на фасадата на Градскиот трговски центар , надлежните од Трговскиот велат дека ќе ги добијат сите потребни дозволи, објави дневниот весник „Вест“.
-Во моментов не сакам да навлегуваме во дебати со градоначалникот Андреј Жерновски. Можам да кажам само дека не постои никаква законска пречка да се доградува и обновува фасадата на ГТЦ, вели Аго Абазовски, директор на Градскиот трговски центар. Тој објасни дека се работи на изведбениот проект, кој треба да биде завршен за шест месеци, по што ќе се избере фирма која ќе ги изведува градежните работи и ќе стартува обновата на ГТЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.