Џон Карлин, кој ја направи тонската телефонска тастатура, починал денеска во 94 година од животот. Според порталот УПИ, Карлин починал на 28 јануари. Нема информации ниту за местото ниту за причините за смртта.
Таткото на телефонската тастатура е роден е во Јоханезбург, Јужна Африка. Дипломирал на психологија на универзитетот во Кејп Таун по што се преселил во САД. Работел како научен соработник на Харвард каде што ја проучувал електротехниката.
Во 1945 година почнал да работи за компанијата „Бел Лабс“ и неговите истражувања доведоа до создавање на телефонот со дигитални копчиња. Неговата работа постана основа за дизајн на, за денес, вообичаени предмети како што се банкоматите, бравите, автоматите за кафе, медицинска опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.