| четврток, 6 декември 2018 |

Оворен ден на органска храна во Министерството за земјоделство

Во Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи Отворен ден на органска храна, објави „Сител“.На манифестацијата ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Министерот Димовски денеска ќе присуствува и на започнувањето на изградба на локален пат од село Трновец до регионалниот пат во општина Кратово во должина од 4,3 километри. Изградбата на патот е со средства од Програмата за рурален развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top