| четврток, 6 декември 2018 |

Демонстрантите во Украина зазедоа четири регионални администрации

Демонстрантите во Украина вчера усеаја да заземат четири регионални администрации. Упаднаа во зградите, воспоставија контрола врз регионалната администрација во западниот град Лавов и го принудија гувернерот да поднесе оставка. Над 200 луѓе ја минаа ноќта во зградата и не покажаа никакви знаци дека планираат да си одат. Слично на демонстрантите во Киев , тие изградија барикади пред зградата на регионалната администрација.

Јанукович и пред овие настани беше непопуларен во западна Украина, чии граѓани ја поддржуваат интеграцијата во ЕУ и бараат намалување на „блискоста“ со Русија. Голем дел од демонстрантите, кои во моментов протестираат против Јанукович во Киев, не се од главниот град, туку допатувале токму од западна Украина.

Сериозни судири имаше во текот на ноќта и во градот Черкаси, јужно од Киев, откако демонстрантите упаднаа во зградата на гувернерот. Полицијата интервенираше и ја врати контролата врз зградата, при што уапси 58 лица. Активистите соопштија дека еден млад демонстрант бил сериозно повреден и дека се наоѓа во критична состојба во болница.

Во западната Ровненска област, соседна на Лавов, демонстрантите исто ја поминаа ноќта во зградата на обласната администрација, но утрово им дозволија на вработените да одат на работа. Во западната Тернопилска област демонстрантите ја минаа ноќта во зградата на регионалната администрација, а блокирана е администрацијата и во областа Кмелнитска.

Денес демонстрантите се обидоа да упаднат и во канцеларијата на гувернерот на градот Черновци, во близина на границата со Романија. Тие ги искршија вратите и прозорците на објектот, по што полицијата ги растера со солзавец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top