
„Соба со пијано“, вториот игран филм на македонскиот режисер Игор Иванов-Изи, во продукција на „Скопје филм студио“, се најде меѓу најдобрите десет филмски остварувања од регионов за 2013 година во престижното светско списание „Ролинг стоун“, издадено во Хрватска.
Списанието „Ролинг стоун“, кое со својот милионски тираж ги покрива сите континенти, е основано во Сан Франциско во 1967 година. Излегува во 25 земји во светот и важи за едно од најдобрите списанија посветени на музиката и на културата воопшто.
„Соба со пијано“ е снимен по сценарио на Жанина Мирчевска и Игор Иванов, а авторски потпис ставија и Томи Салковски – продуцент и кинематографер, Чили Гонзалес – автор на музика, Владимир Павловски-монтажа, Миленко Јеремиќ-сценографија, Елена Дончева-костимограф и Ана Булајиќ Црчек-шминка. Во филмот играат: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогес, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Фирдаус Неби, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви, Јана Стојановска и специјалните гости: Тони Палмер, Мајк Сарн и Ханес Вегенер.
„Соба со пијано“ ја имаше светската премиера на минатогодишниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола и доби позитивни критики и реакции од македонската публика, која имаше можност да го види филмот во кината низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ролинг Стоунс – бренд за рокенрол-тинејџери и за дедовци
-
Ваква Серена Вилијамс досега не сте виделе – позира во танга за познат магазин (Фото)
-
Не направи ништо по што ќе го памтат – првата пејачка на Магазин удри по Тончи Хуљич!
-
Тајна стара 26 години – поранешниот сопруг на Љиљана Николовска открива зошто го напуштила Магазин


