| четврток, 6 декември 2018 |

Експлодира автомобилот на полскиот амбасадор во Ирак

polskaМина експлодирала вчера покрај автомобилот на полскиот амбасадор во Ирак. За среќа во инцидентот нема жртви. Ваквите вести ги потврди и портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Марчин Босацки.

Мината експлодирала вчера попладне, на 30 километри јужно од северниот ирачки град Киркук при минувањето на два автомобили со неколку лица, меѓу кои и амбасадорот Лех Стефанак, кои патувале за Багдад.

– Експлозијата предизвикала полесна материјална штета на автомобилите, но најважно е дека никој не е ранет – додава тој.

Ирачките власти истражуваат дали станува збор за напад и дали цел бил полскиот амбасадор или некој друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top