| четврток, 6 декември 2018 |

Крис Браун го искрши скапото порше

Проблематичниот пејач Крис Браун со автомобилот удри во ѕид додека бегал од папараците. Според полицијата во Лос Анџелес, тој останал неповреден. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу пладне кога Браун ја изгубил контролата над своето црно „порше“ и удрил во ѕид. Полицијата соопштила дека шлеп-службата го одвлекла смачканото возило и дека покренала истрага, но дека имнињата на фотографите кои учествувале во „бркањето“ на популарниот пејач се уште не се познати.

Сударот се случил ден пред одбележувањето на свеченоста на доделувањето на Греми наградите, на кои бившото-сегашно момче на Ријана е еден од фаворитите во категоријата за најдобар урбан современ албум.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top