| четврток, 6 декември 2018 |

Проѕирен мобилен телефон

Тајванската компанија “Polytron” го претстави првиот мобилен телефон направен од стакло на кој единствено видливи се камерата, мемориската картичка и плочата. Уредот има екран чувствителен на допир. Ги има сите оние работи кои ги имаат и другите телефони –  СИМ картичка, “SD” картичка, батерија, микрофон. Но изгледа нема оперативен систем.

Компанијата “Polytron” експериментира со технологијата наречена “Polyvision Privacy Glass”, супстанца која станува проѕирна кога низ неа ќе помине електрична енергија.

“Polytron” развил и техника за вградување на микроскопски жици во стаклото, така што тие одвај се видливи за голото човечко око.

Претставниците на компанијата имаат намера да дадат зелено светло за продажбата на проѕирниот мобилен телефон до крајот на 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top