Халид Бешлиќ, конечно, го промовира парфемот со негов потпис. Пејачот вели дека е возбуден како пред промоција на нов албум.
Бешлиќ (60) е убеден дека парфемот „миљацка“, на кој работеа експерти од Сараево до Париз, ќе биде популарен колку и мирисите со потпис на Дејвид Бекам, Антонио Бандерас или Џастин Бибер.

Eau de Miljacka
– Дизајнот е прав погодок, а мирисот не остава никого рамнодушен – се пофали Бешлиќ.
„Миљацка“, наречен по неговиот најголем хит, засега не може да се најде во продажба во Македонија, а во Босна, Србија и Хрватска, шишенцето од 50 мл чини 50 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


