Босанскиот пејач Халид Бешлиќ откри дека неговата здравствена состојба не е најдобра, но засега не панира да се повлече од сцената. Бешлиќ изјави дека лекарите го уплашиле со лошите резултати од испитувањата на крвта.
– Шеќерот го направи своето – ијави тој за хрватски „24 сата“.
Пејачот додал дека се плаши дека ова е неговата последна турнеја, но дека ќе пее се додека состојбата не му се влоши.
Бешлиќ вели дека имал понуди за настапи низ Европа, но се плаши од се почестите терористички напади.
– Мислам да не се најдам во погрешно време на погрешно место – рекол тој.
Тој вели дека не сака да живее во страв, туку да ужива со сопругата Сејда.
– После толку време се сакаме повеќе од било кога – додава тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.