Извонредниот бек-шутер на Атланта хоукс, Кајл Корвер, не се дава лесно и со два прецизни удари од далечина против Орландо ја продолжи импресивната серија мечеви на 110 со барем една погодена тројка. Тоа е рекордна низа во НБА-лигата, а Корвер неколкупати во текот на серијалот што трае долго беше на работ да ја прекине низата.
Најкритично беше во Лондон, во арената „О2“, на дуелот на европска почва против Бруклин нетс, кога Корвер ги утна првите 8 удари за три поени, но во финишот на мечот од деветти пат погоди и ја задржа серијата. На тој дуел, што Хоукс го загуби убедливо со 110-127, тоа беа единствените поени на Корвер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.