Голем број вработени се отпуштаат секојдневно, бидејќи нивната активност веќе може да се врши со помош на технологијата. Невработеноста неконтролирано расте, а некои професии се целосно заменети од компјутерите и машините.
Еве какви работни места нема да има во иднина, според news.expert.com:
Воени пилоти – тие нема да бидат потребни, бидејќи ќе бидат заменети со роботски летала кои ќе ја ограничат загубата на човечки живот.
Call центри исто така нема да има , бидејќи продажбата на интернет ќе завладее во секторот.
Продавачите во Видео Магазин и музички продавници, исто така ќе останат без работа, бидејќи сите ќе слушаме и гледаме во интернет.
Туристичките агенции ќе исчезнат, бидејќи во иднина сами ќе организираме патувања со само едно копче.
Секретарката ќе бидат вистински луксуз, бидејќи сè ќе се врши од апликации на телефони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.