| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА: ДУИ ги занемарува правата на Албанците

-Наместо да протестира за правата на Албанците во Србија, зошто не се бори за правата на македонските Албанци – запраша денес опозициската ДПА, обраќајки и се на  владејачката ДУИ. Паетијата на лидерот Мендух Тачи смета дека албанскиот владион коалиционен партнер не реагира кај ВМРО-ДПМНЕ за одредени антиалбански чекори, туку напротив, учествува во нив. ДПА на челниците на ДУИ им порачаа дека без нивна реакција останаа мистериозни смртни случаи на политички затвореници ,ученици се тепани од групи организирани од власта, на спортските терени се скандира против Албанците, осудени се младинци само за нацртани графити.

-Зошто не изградивте споменик на ОНА во центарот на Кичево и во Чаир? Зошто за десет години колку што сте на власт се уште не го решивте статусот на поранешните припадници на ОНА? Зошто не го донесовте законот за рехабилитација и обештетување на политичките затвореници Албанци, кој Џевад Адеми вети дека ќе се донесе паралелно со законот за амнестија? За крај,зошто, вие Фазли Велиу, не реагирате за исчезнатите цивили Албанци во 2001-ва, меѓу кои е и вашиот брат? -го праша Беким Фазлиу од ДПА раководството на владејачката ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top