Во дворот на средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје вчера во 13.30 часот дошло до тепачка меѓу И.Д.(18) од село Крушопек, кој бил вонреден ученик во училиштето, и М.Л(16).
И.Д. физички го нападнал М.Л. удирајќи го со глава во пределот на аркадата, а М.Л. се обидел да извади метална палка на расклопување, но бил спречен од вработениот во обезбедувањето на училиштето да ја употреби, информираат од МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.