| четврток, 6 декември 2018 |

„Тај-хај“ е новиoт хит во соседна Бугарија, коj може да убива!

Тинејџерите ги демне нова опасност. Ова е нов хит и учениците, просто, се запалени по ова безумие. Дилерите ништо не може да ги сопре, да ја продадат стоката и да заработат. Последен хит меѓу учениците во елитните гимназии во Пловдив – Република Бугарија е вештачки опијат, кој е многу добро маскиран како чај. Се продава во пакетчиња исто како чајот, но не се пие туку се пуши и чини повеќе отколку традиционалната трева. Дилерите на овој опијат предупредуваат да не се консумира како пијалак, затоа што е отровно и многу опасно. Отровот може да се користи единствено ако се пуши. Содржината му е во пакетче, кое требва да се отвори и помеша со содржанината на обична цигара. Листовите на овој „чај” се исполнети со соодветни состојки, кои предизвикуваат возбуда и други симптоми карактеристични и за други опијати. Откако добро ќе се помеша, се пуши како стандардна цигара. Цената на едно пакетче од чајот наречен „тај -хај“ е многу повисока од цената на тревата и се продава за околу 25 евра. Овој чај предизвикува симптоми на среќа, енергија и на радост. Овој опијат има уште една карактеристика што е популарна меѓу учениците, а тоа е дека со стандардните тестови што се продаваат во аптеките не може да се открие во организмот на тој што го користи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top