Албанската полиција вчеравечер уапсила македонски државјанин кој со камион превезувал 450 килограми марихуана, известија албанските медиуми.
Дрогата била сокриена во приколка на камион, а марихуаната според истражителите требало од Македонија да биде пренесена во Италија.
Полицијата потврдила дека дрогата е од албанско потекло, а возачот на возилото чиј идентитет не се открива веднаш е притворен од страна на полициските службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


