Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден изјави дека дејствувал самостојно при откривањето на тајните на американската Влада и ги нарече апсурдни тврдењата на американски иконгресмен дека имал помош од Русија, пишува денеска списанието „Њујоркер“.
Во интервјуто, кое списанието тврди дека го направило со Сноуден преку тајни канали од Москва, тој изјавува дека верзијата дека тој е руски шпион е апсурдна и нагласува дека дејствувал сосема сам.
– Луѓето нема да поверуваат во таквите тврдења…Затоа што тие не се точни и затоа што Американците се многу попаметни, отколку што тоа го сметаат политичарите – вели Сноуден.
Претседателот на Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Роџерс изјави во неделата за телевизијата Ен-Би-Си дека води истрага за тоа дали Русија му помагала на Сноуден да ги украде и открие пред светот тајните податоци на американската Влада.
Според Роџерс не било случајно тоа што Сноуден „на крајот побарал засолниште во прегратките на руската Федерална служба за безбедност“. Тој не даде докази за оаа теза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Апелациија демантира: Наводите од Груевски се груба невистина и манипулација со јавноста
-
Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори
-
ЕЛЕМ: Бесијана Џафери и Димитар Грчев имаат завршено високо образование